НАЈМАЛКУ ОСУМ ЗАГИНАТИ ВО ПОСЛЕДНИТЕ ИРАНСКИ НАПАДИ ВРЗ ИЗРАЕЛ, ТРАМП ВЕЛИ ДЕКА БРЗО МОЖЕ ДА ГО РЕШИ КОНФЛИКТОТ

    НАЈМАЛКУ ОСУМ ЗАГИНАТИ ВО ПОСЛЕДНИТЕ ИРАНСКИ НАПАДИ ВРЗ ИЗРАЕЛ, ТРАМП ВЕЛИ ДЕКА БРЗО МОЖЕ ДА ГО РЕШИ КОНФЛИКТОТВо последните израелски напади биле погодени складиште за нафта и резервоар за гориво во Техеран (Фото: АП)

    Израел и Иран меѓусебно се ракетираа и ноќеска, како што конфликтот влезе во третиот ден.

    Најмалку осум луѓе загинаа, вклучувајќи деца, откако Иран лансираше повеќе од 100 балистички проектили кон Израел и спасувачките екипи и натаму ги пребаруваат урнатините на уништените станбени згради. Иран изведе две серии напади, чија мета беа и Тел Авив, Ерусалим и Хаифа, но жртви има во градовите Бат Јам близу Тел Авив и Тамра во северниот дел на земјата.

    Засега не е познат бројот на жртви во Иран, кој кажа дека 78 луѓе загинале на првиот ден од нападите.

    Иран го откажа учеството на шестата рунда нуклеарни разговори со САД, што требаше да се одржи денеска во Оман, додека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го предупреди Техеран дека досегашните напади се ништо во споредба со она што следува.

    Доналд Трамп кажа дека конфликтот може лесно да се реши, без да изнесе детали за тоа и го предупреди Иран да не напаѓа никакви американски мети.

    Ако бидеме нападнати на кој било начин и во која било форма, врз Иран ќе се спушти целосната моќ на американските вооружени сили“, рече тој.

    Иран кажа дека во последните израелски напади биле погодени складиште за нафта и резервоар за гориво во Техеран, но додаде дека ситуацијата е под контрола. Израел вчера за првпат нападна и гасни полиња во Иран. Притоа привремено било запрено производството во Јужен Парс, најголемото гасно поле на светот, откако избувнал пожар.

    Израел кажа дека и утрово продолжил со нападите врз Иран, гаѓајќи локации за складирање и лансирање проектили во западниот дел на земјата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира