ИЗРАЕЛ ПОВИКА НА ЕВАКУАЦИЈА НА ГОЛЕМА ОБЛАСТ ВО ТЕХЕРАН И НАЈАВИ УНИШТУВАЊЕ НА ИРАНСКАТА ДРЖАВНА ТЕЛЕВИЗИЈА

    ИЗРАЕЛ ПОВИКА НА ЕВАКУАЦИЈА НА ГОЛЕМА ОБЛАСТ ВО ТЕХЕРАН И НАЈАВИ УНИШТУВАЊЕ НА ИРАНСКАТА ДРЖАВНА ТЕЛЕВИЗИЈАИзраел денеска објави дека воспоставил целосна воздушна контрола над Техеран (Фото: АП)

    Израел вели дека е на прагот на остварувањето на целите на својата воена операција во Иран, која почна во петокот и се базира врз интензивни воздушни напади, при што не е поштеден и Техеран.

    На пат сме да постигнеме победа и да ги елиминираме двете закани од Иран: нуклеарната и ракетната“, кажа премиерот Бенјамин Нетанјаху.

    Тој истакна дека има разлика помеѓу израелските и иранските воздушни напади, велејќи дека Иран напаѓа цивили. Во ноќешните ирански напади беа погодени Тел Авив, Хаифа и други градови, при што загинаа најмалку осум цивили.

    Ние им велиме на жителите на Техеран да се евакуираат и потоа делуваме“, појасни Нетанјаху.

    Израел денеска објави дека воспоставил целосна воздушна контрола над Техеран и дека уништил една третина од иранските ракетни лансери.

    Израелската војска денеска издаде итно предупредување за евакуација на голема област во Техеран. Станува збор за Третиот округ, каде што живеат 330.000 луѓе и зафаќа 4,5% од градот. Тука исто така се наоѓаат седиштата на Иранската револуционерна гарда и на државната телевизија.

    Иранската државна радио-телевизија наскоро ќе ја снема. Иранскиот мегафон за пропаганда и поттикнување е пред исчезнување. Започна евакуацијата на околните жители“, изјави израелскиот министер за одбрана Израел Кац.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира