НАД 3.200 НЕВРАБОТЕНИ МЛАДИ СЕ ПРИЈАВИЛЕ ЗА САМОВРАБОТУВАЊЕ, ВКУПНАТА ДРЖАВНА ПОДДРШКА Е НАД 40 МИЛИОНИ ЕВРА

    НАД 3.200 НЕВРАБОТЕНИ МЛАДИ СЕ ПРИЈАВИЛЕ ЗА САМОВРАБОТУВАЊЕ, ВКУПНАТА ДРЖАВНА ПОДДРШКА Е НАД 40 МИЛИОНИ ЕВРАТие можат да користат финансиска помош од 7.000 или 10.000 евра, во зависност од возраста, а за реализација се обезбедени 2,5 милјарди денари (над 40 милиони евра), беше кажано на денешната трибина во Велес каде се промовираше мерката. (Фото: СДК.МК)

    Околу 3.200 невработени млади лица од Македонија аплицирале за владината мерка за поддршка со самовработување која е најпривлечна за оваа категорија. Тие можат да користат финансиска помош од 7.000 или 10.000 евра, во зависност од возраста, а за реализација се обезбедени 2,5 милјарди денари (над 40 милиони евра), беше кажано на денешната трибина во Велес каде се промовираше мерката.

    „Помошта е 10.000 евра за невработени до 29 години и 7.000 евра за невработени над оваа возраст. Две млади невработени лциа со добар бизнис план можат да добијат 20 илјади евра ако се до 29 години, а над оваа возраст добиват 14 илјади евра“, кажа заменик-министерот за еконномија Марјан Ристески.

    За оваа мерка можат да аплицираат 16.500 лица кои редовно се пријавуват во Агенцијата за вработување. Пријавувањето е до 20 јуни.

    „Со овој оперативен план, прилагодени се потребите на работодавачите, на невработените лица. Годинава имаме највисок буџет и најголем опфат на потенцијални кандидати“, рече Весна Пешова, заменичка-директор на Агенцијата за вработување.

    За една седмица во Велес аплицирале 90-тина невработени лица. Пријавените посетуваат задолжителна обука.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира