ПОЧИНА НОВИНАРОТ ВЛАДИМИР ЛАПЕ

    ПОЧИНА НОВИНАРОТ ВЛАДИМИР ЛАПЕЛапе во Македонската телевизија ги помина сите професионални скалила известувајќи за сите позначајни настани за надворешната политика на Македонија, од сите континенти, вклучувајќи го приемот на Македонија во ООН во април 1993. (Фото: Приватна архива)

    Владимир Лапе, долгогодишен новинар и доајен на македонското новинарство почина вчера во Скопје по кратко боледување на 79 години, објави неговото семејство.

    Лапе беше новинар во Македонската телевизија уште од 1970 година, како тогашна Телевизија Скопје. Целиот свој работен век го посвети на новинарството и се пензионираше во 2010 година.

    Роден е во Скопје во 1946 година. Со новинарство започнал да се занимава уште од студентски денови во средината на 60-тите години во редакцијата „Млади за млади“ во тогашното радио Скопје, а кон крајот на 60-тите и како еден од уредниците на првиот бран прогресивни новинари уредници на неделникот за млади “Фокус”.

    Во Македонската телевизија Лапе ги помина сите професионални скалила, од новинар коментатор, водител, до главен и одговорен уредник за надворешна политика на МРТВ.

    Во текот на кариерата известувал за сите позначајни настани од значење за надворешната политика на Македонија, од сите континенти, вклучувајќи го приемот на Македонија во ООН во април 1993 година.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира