Имаме комплетна и целосна контрола врз небото над Иран, објави Доналд Трамп на својата социјална мрежа. Тој додаде дека Иран има добра дефанзивна опрема и добри уреди за следење на небото, но тие не се споредуваат со она што е произведено во Америка.
САД долго време го снабдуваат Израел со оружје и воена опрема, но официјалниот став од почетокот на иранските напади е дека Вашингтон не учествува во нив.
Трамп кажа дека добро знаат каде се наоѓа ајатолахот Али Хаменеи.
„Тој е лесна мета, но е безбеден таму. Нема да го убиеме, барем не засега. Но, не сакаме проектили да гаѓаат цивили или американски војници. Нашето трпение е при крај“, кажа Трамп, по што го повика Иран безусловно да се предаде.
Американскиот потпретседател Џеј-Ди Венс претходно кажа дека Трамп би можел да преземе дополнителна акција против иранската нуклеарна програма.
„Иран збогатува ураниум над неопходните нивоа за какви било цивилни цели. Претседателот Трамп можеби ќе одлучи да преземе дополнителна акција за да стави крај на иранското збогатување ураниум. Трамп е заинтересиран да ја користи американската војска само за да ги постигне целите на американскиот народ. Што и да прави, тоа е неговиот фокус“, кажа Венс.