ДОЖИВОТЕН ЗАТВОР ЗА ПАЛЕВСКИ, МАНЕВ, ВИДЕВСКИ И КЕШИШЕВ ЗА СВИРЕПИТЕ УБИСТВА НА 14-ГОДИШНАТА ВАЊА И 74-ГОДИШНИОТ ЖЕЖОВСКИ, ТАТКОТО ОСЛОБОДЕН ОД ОБВИНЕНИЕ

    ДОЖИВОТЕН ЗАТВОР ЗА ПАЛЕВСКИ, МАНЕВ, ВИДЕВСКИ И КЕШИШЕВ ЗА СВИРЕПИТЕ УБИСТВА НА 14-ГОДИШНАТА ВАЊА И 74-ГОДИШНИОТ ЖЕЖОВСКИ, ТАТКОТО ОСЛОБОДЕН ОД ОБВИНЕНИЕВо образложението, судијата кажа дека на 27 ноември 2023 во седум часот, по насока на Палевски, Видевски и Манев ја грабнале Вања со намера од член на семејството да изнудат пари (Фото: К. Попов)

    За кривичните дела грабнување и две свирепи убиства, судијата Ивица Стефановски денеска на сите четворица обвинети на чело со Љупчо Палевски им одреди по 10 години за грабнување на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и на 74-годишниот Панче Жежовски од Велес, а за свирепите убиства доживотен затвор за сите. Покрај Палевски, првостепено на доживотен затвор се осудени и Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев. Таткото на Вања, обвинетиот Александар Ѓорчевски, е ослободен од обвинението.

    Во образложението, судијата кажа дека на 27 ноември 2023 во седум часот, по насока на Палевски, Видевски и Манев ја грабнале Вања со намера од член на семејството да изнудат пари. Кога детето излегло од лифтот, ја чекале Видевски и Манев. Ја фатиле за устата и половината, ја совладале, заканувајќи ѝ се да не вика.

    Во вреќата за спиење ја ставиле на стомак, Манев ја врзал за рацете и нозете, Видевски ѝ се заканил да не вика оти ќе пукаат, Манев ја ставил преку рамото и ја сместиле во гепекот на „ситроенот“ на веќе покојниот Панче Жежовски.

    По насоки на Палевски, ја однеле на местото Дупки кај Бразда и изложувајќи ја на тешко психичко страдање, Палевски ја убил. Таа починала веднаш од куршумот што ѝ поминал низ мозокот, сѐ до пршлените.

    Потоа судијата се врати назад на убиството на Панче на 22 ноември 2023. На ист начин, Манев го нападнал, Видевски го совладал и му залепил лента на устата. По насоки на Палевски, го однеле на местото Рудник над Велес, Палевски го убил, со еден куршум му го растурил мозокот.

    И во двата случаја, возел или чувал стража, односно логистика им бил Влатко Кешишев.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира