ВЛАСТА НЕ ЗНАЕ КОЈ ИМ ДАЛ ДОЗВОЛА НА ГРАДЕЖНИЦИТЕ ДА КОПААТ КАЈ ИЗВОРИТЕ ЗА ВОДА ВО ВОЛКОВИЈА

a:2:{s:16:"td_post_template";s:18:"single_template_EU";s:9:"td_source";s:45:"Тетово,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ВЛАСТА НЕ ЗНАЕ КОЈ ИМ ДАЛ ДОЗВОЛА НА ГРАДЕЖНИЦИТЕ ДА КОПААТ КАЈ ИЗВОРИТЕ ЗА ВОДА ВО ВОЛКОВИЈА

    Жителите од тетовското село Волковија денес повторно реагираа до институциите да преземат мерки за да се спречи загрозувањето на изворите за вода за пиење во нивното село. Тие во писмената реакција до јавноста велат дека институциите не смее да молчат, и дека мора да ги казнат сите кои на каков било начин го загрозуваат здравјето на граѓаните. „Неколку дена градежната фирма ‘Жикол’, презема недозволен ископ и со тешка механизација ги уништува изворите за вода за пиење во село Волковија. Овие извори за вода и целиот водовод ги изградило и со векови ги одржува населението на ова село. Никој никогаш не се погрижил да ни обезбеди вода. Но, затоа сега оваа градежна фирма со леснотија го доведува нашето здравје во прашање, а државата молчи. Пумпниот систем и цевководот повлекуваат заматена вода, а состојбата во самите извори е алармантна. Во погорниот слив, Министерството за правда исто така сака да изгради канализација, со што дефинитивно би се уништил био-диверзитетот на изворите, со што биохемиската состојба на водата би била отровна“, велат жителите на село Волковија.

    Градежната фирма „Жикол“, како што објаснуваат мештаните од Волковија, во близина на нивното село гради воспитно-поправен дом за малолетници, а од пред три дена почнала да врши градежни работи на самите извори. Тие тврдат дека во близина на изворите на вода се фрлени хемикалии, кои директно се слеваат во изворите и ја заматуваат водата. Мештаните случајот го пријавиле во полиција.

    Ниту денеска не успеавме да добиеме одговор ни од директорката на Дирекцијата за спроведување на санкции Лидија Гаврилова, ниту од директорот на Воспитно-поправниот дом „Тетово“.

    Недостапни за коментар беа и од „Жикол“. Истава компанија пред две недели во Скопје ја оштети главната гасоводна цевка на ГАМА кога со вертикална бушилица вршеа ископини за отпорност на темели, при што имаше опасност од експлозија што можеше да однесе половина Скопје.

    Од Центарот за јавно здравје во Тетово велат дека се запознаени со случајот, но дека бактериолошко-физичка анализа на водата не е правена деновиве, туку пред еден месец. Д-р Ратко Давидовски, раководител на секторот за санитарно-хигиенска дејност со здравствена екологија во центарот за јавно здравје Тетово, вели дека во случајов ако има загадување со хемикалии треба да реагираат еколошките инспектори.

    „Околу изворите на вода во Волковија има три заштитни зони. Правата е оградена, и таму се забранети секакви активности. Во втората заштитна зона исто така не смее да се копа. Ако градежната фирма има дозвола, прашањето е кој им ја дал дозволата“, вели д-р Давидовски.

    Од Државниот санитарен и здравствен инспекторат велат дека во случај кога е загрозен извор или каптажа на вода за пиење, тие по службена должност добиваат информација од центрите за јавно здравје, поточно од Институтот за јавно здравје, каде стигаат сите пријави за неисправна вода за пиење.

    „Досега кај нас не е стигната ваква пријава, односно не сме добиле официјална информација дека е загрозен извор на вода за пиење. Во случајов ако има такво загадување со хемикалии, досега ќе имавме и приајава за заболени од тоа населено место“, велат од Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

    Од Државниот инспекторат за животна средина велат дека кај нив ваков случај не е пријавен и дека ако се загадени извори за вода за пиење, за да може да направат увид на терен, жителите треба кај нив да го пријават загадувачот.

    Од Министерството за животна средина велат дека грижата за чистотата на водата за пиење е во исклучива надлежност на Министерство за здравство и центрите за јавно здравје.

    „Ако некој извор или каптажа се загрозени поради загадување на животната средина, нашето Министерство треба да добие официјално известување од Министерство за здравство, откако претходно е испитана водата и е докажано дека таа е загадаена“, велат од Министерството за животна средина.

    Е. БОЧВАРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира