СИТЕ ЧЛЕНКИ НА НАТО СЕ СОГЛАСИЈА ДА ГИ ЗГОЛЕМАТ ТРОШОЦИТЕ ЗА ОДБРАНА НА 5% ОД СВОЈОТ БДП

    СИТЕ ЧЛЕНКИ НА НАТО СЕ СОГЛАСИЈА ДА ГИ ЗГОЛЕМАТ ТРОШОЦИТЕ ЗА ОДБРАНА НА 5% ОД СВОЈОТ БДПЧленките на НАТО нагласија дека остануваат посветени кон заедничката одбрана (Фото: АП)

    Сите 32 членки на НАТО се согласија да ги зголемат трошоците за одбрана и безбедност на 5% од бруто домашниот производ, што ќе треба да се исполни до 2035 година, што уследи по неколкумесечниот притисок од Доналд Трамп.

    Сојузниците се обврзуваат да издвојуваат пет проценти од својот БДП годишно за основни одбранбени потреби, како и за трошоци поврзани со одбраната и безбедноста“, се вели во заедничката изјава на 32-те земји од самитот во Хаг.

    Целта од 5% се состои од два дела: 3,5% се основните трошоци за одбрана, а дополнителните 1,5% ќе се однесуваат на надградба на патишта, мостови, пристаништа и аеродроми за подобро распоредување на армиите, воспоставување мерки за борба против кибернетички и хибридни напади и подготовка на општествата за идни конфликти. Од членките на НАТО досега се бараше да издвојуваат 2% од БДП за одбрана, но тоа беше исполнето од само 22 држави.

    Сите сојузници се обединети во разбирањето дека треба да преземеме чекори за зајакнување на безбедноста. Доналд Трамп јасно стави до знаење дека САД се посветени на НАТО, но бара од европските членки и Канада да направат повеќе за воениот сојуз“, кажа генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.

    На самитот во Хаг, членките на НАТО нагласија дека остануваат посветени кон заедничката одбрана, откако Трамп претходно го доведе во прашање Членот 5, кој го гарантира тоа.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира