ТРАМП ВЕЛИ ДЕКА ИЗРАЕЛ ПРИФАТИЛ 60-ДНЕВНО ПРИМИРЈЕ ВО ГАЗА

    ТРАМП ВЕЛИ ДЕКА ИЗРАЕЛ ПРИФАТИЛ 60-ДНЕВНО ПРИМИРЈЕ ВО ГАЗАТрамп го повика и Хамас да го прифати договорот (Фото: АП)

    Доналд Трамп објави дека Израел ги прифатил „неопходните услови“ од 60-дневно примирје во Газа, без да ги открие деталите.

    За време на предложениот договор, ќе работиме со сите страни да се стави крај на војната. Катар и Египет, кои напорно работеа за да се постигне мир, ќе го испорачаат финалниот предлог. Се надевам дека Хамас ќе го прифати овој договор, зашто нема да станува подобро, само ќе биде полошо“, напиша Трамп на социјалните мрежи.

    Израелскиот амбасадор во Обединетите нации Дени Данон кажа дека Израел е апсолутно спремен за примирје, но не знае дали Хамас ќе ги прифати условите од предложениот договор. Трамп оваа недела ќе се сретне со Бенјамин Нетанјаху и најави дека ќе биде многу цврст со него.

    Навистина верувам дека Нетанјаху сака да завршат непријателствата во Газа. Мислам дека ќе имаме договор оваа недела“, рече Трамп.

    Околу 50 изралски заложници и натаму се во Газа, но се верува дека само 20-ина се живи. Израел претходно кажа дека конфликтот може да заврши само ако Хамас целосно ќе се растури. Хамас, пак, долго време бара постојано примирје и целосно повлекување на Израел од Газа.

    Претходното примирје требаше да се состои од три фази, но пропадна по само два месеца во март, по завршувањето на првата фаза, откако Израел продолжи со борбите, што доведе до дополнително влошување на хуманитарната криза во Газа. Израел оваа недела нареди евакуации во северна Газа во пресрет на засилени воени операции.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира