БИТИЌИ СТАВИ РОЗЕВИ ОЧИЛА ВЕЛЕЈЌИ ДЕКА РЕБАЛАНСОТ НА БУЏЕТОТ Е РОЗЕВ САМО ЗА ВЛАДАТА

    БИТИЌИ СТАВИ РОЗЕВИ ОЧИЛА ВЕЛЕЈЌИ ДЕКА РЕБАЛАНСОТ НА БУЏЕТОТ Е РОЗЕВ САМО ЗА ВЛАДАТАБитиќи кажа дека само за Владата ребалансот на буџетот е розев, а тој всушност е признание дека Владата ја загубила финансиската контрола, со дефицит од 4%, над законскиот лимит.(Фото: СДСМ)

    Пратеникот на СДСМ Фатмир Битиќи стави розови очила на денешната комисиска расправа за ребалансот на буџетот за 2025 година кој го предлага Владата. Поранешниот вицепремиер за економски прашања кажа дека само за Владата ребалансот на буџетот е розев, а тој всушност е признание дека Владата ја загубила финансиската контрола, со дефицит од 4%, над законскиот лимит. Тој им рече на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ дека ќе им ги остави очилата, но не се „Прада“ какви што носат тие, туку социјалдемократски.

    „Овој ребаланс е индиректно признание дека Владата ја изгубила фискалната контрола и јасно огледало на продлабочената фискална неодговорност во јавните финансии. Наместо реално прилагодување и развојна ориентација, добиваме документ кој прикрива неизвршени ветувања и скицира нереална економска слика“, рече пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, на денешната комисиска седница за ребалансот.

    Тој додаде дека иако дефицитот останува на 4% од БДП, тоа е над законскиот максимум од 3%, а отстапување е дозволено само во вонредни ситуации кои во нашата земја не постојат.

    „Владата веќе не контролира фискална рамнотежа и го користи ребалансот како политички инструмент. Дефицитот речиси се удвои за месец и половина, од 13,4 на 27,5 милијарди денари. Таков раст не се случува во економија со здрава фискална дисциплина и е знак за неефикасно управување и неконтролирана јавна потрошувачка. Ако приходите растат по 40%, а расходите достигнаа 44%, дали оваа Влада има план? Или троши сè како да нема утре?“ , рече Битиќи.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира