СТОТИЦИ ЕВАКУИРАНИ ПОРАДИ ГОЛЕМ ПОЖАР НА КРИТ, ГОРИ И КАЈ ВУРВУРУ НА ХАЛКИДИКИ

    СТОТИЦИ ЕВАКУИРАНИ ПОРАДИ ГОЛЕМ ПОЖАР НА КРИТ, ГОРИ И КАЈ ВУРВУРУ НА ХАЛКИДИКИОгнениот фронт се подели на три дела и сега се протега најмалку шест километри (Фото: Интајм њуз)

    Голем пожар продолжува да гори надвор од контрола во регионот Ласити во источниот дел на грчкиот остров Крит, откако избувнал вчера попладне на шумски терен близу Јерапетра. Помогнат од жестоки ветрови, пожарот брзо се ширеше, стигнувајќи до домови, туристичко сместување и клучна инфраструктура. Огнениот фронт се подели на три дела и сега се протега најмалку шест километри, поради што гаснењето оди многу тешко.

    Властите наредија евакуација на повеќе од 1.500 локални жители и туристи. Густ чад зафати голема област, па на некои места видливоста е рамна на нула.

    Ветровите и натаму се многу силни, а огнот е интензивен“, изјави заменик-гувернерот на Ласити, Јанис Андрулакис.

    Полицијата го затвори главниот пат близу населеното место Агија Фотија, каде што има изгорени домови и објекти за изнајмување. Најмалку четири лица се примени во болница поради вдишување чад, а сите болници на Крит се ставени во состојба на висока готовност.

    Вчера избувна пожар и во шумска област кај Вурвуру на Халкидики. Огнот се шири кон областа на Ливари и се доближи до домови.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира