ЕЛЕКТРИЧНИТЕ ВЕЛОСИПЕДИ ШТО ОПШТИНА ВЕЛЕС ГИ НАБАВИ СО СРЕДСТВА ОД ЕУ И ПО ЧЕТИРИ ГОДИНИ НЕ СЕ КОРИСТАТ

    ЕЛЕКТРИЧНИТЕ ВЕЛОСИПЕДИ ШТО ОПШТИНА ВЕЛЕС ГИ НАБАВИ СО СРЕДСТВА ОД ЕУ И ПО ЧЕТИРИ ГОДИНИ НЕ СЕ КОРИСТАТВелосипедите стојат во холот на спортската сала „Гемиџии“ (Фото: СДК.МК)

    Дваесетте електрични велосипеди, набавени од локалната власт во Велес во септември 2021, и натаму не се во фукнција. Поставени се во холот на спортската сала „Гемиџии“ и безмалку четири години се неискористени. Со одлука на Советот од 2021, тие се доделени за користење на ЈП „Парк спорт“. Во 2023 е донесена одлука за начин на користење, но и по две години Општина Велес не доделила финансиски средства за нивно активирање. Нивното ставање во функција повторно се актуелизираше на седница на Советот.

    Одлука на Советот за активација на велосипедите треба да се почитува“, одговори директорот на ЈП „Парк спорт“, Зоран Јаневски, на прашањето од советникот Трајче Миланов дали има водено разговори за одвојување средства за ставање во функција на електричните велосипеди.

    Парк спорт“ во 2023 и писмено се обратило за добивање на одобрените финансии. Средствата се потребни, меѓу другото, и за задолжително сервисирање и одржување на велосипедите, кои откако се купени, не се користени.

    Набавката на 20-те електрични велосипеди чинеше 2,7 милиони денари и вклучи смарт брави за заклучување, софтверско решение и апликација за корисниците. Средствата беа обезбедени од грант на ЕУ во рамките на проектот „Паметно езеро Младост“.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира