ПОЧИНА НОВИНАРКАТА ВАЛЕНТИНА БАЗЕРКО

    ПОЧИНА НОВИНАРКАТА ВАЛЕНТИНА БАЗЕРКОНовинарската кариера Базерко ја започна во весникот „Млад борец“, а потоа се истакна како глас на Македонското радио, каде работеше со децении. (Фото: ЗНМ)

    Вчера на 62 години почина новинарката и радиоводителка Валентина Базерко, соопшти Здружението на новинари.

    Новинарската кариера ја започнала во весникот „Млад борец“, а потоа се истакна како глас на Македонското радио, каде со децении работеше со страст и интегритет. Беше дописник од странство, сведок на настани и глас што секогаш се бореше за правдата и достоинството на професијата.

    Базерко го живееше новинарството како лична мисија, со јасен, модерен и искрен радио израз, со неуморна грижа за македонските јазик и култура. Нејзиниот професионален и човечки ангажман претставуваше пример за генерации новинари.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира