СВЕТОЗАР ЈАНЕВСКИ И „ТИКВЕШ“ ДОБИЈА НАГРАДИ ЗА ВИЗИОНЕРСТВО И ЛИДЕРСТВО ВО РЕГИОНОТ

    СВЕТОЗАР ЈАНЕВСКИ И „ТИКВЕШ“ ДОБИЈА НАГРАДИ ЗА ВИЗИОНЕРСТВО И ЛИДЕРСТВО ВО РЕГИОНОТЈаневски доби Награда за животно дело, а „Тиквеш“ Награда за најкомпанија за 2025 година од Дирекцијата на Европската независна агенција за избор и промоција на најуспешни бизнис-лидери и компании. (Фото: Тиквеш)

    Светозар Јаневски, претседател на Управниот одбор на винарската визба „Тиквеш“, доби Награда за животно дело, а „Тиквеш“ Награда за најкомпанија за 2025 година, од Дирекцијата на Европската независна агенција за избор и промоција на најуспешни бизнис-лидери и компании, соопшти компанијата. Од таму велат дека овие признанија следат во година кога „Тиквеш“ го одбележува својот голем јубилеј, 140 години од постоењето.

    „Признанието за животно дело уште еднаш ја истакнува улогата на Светозар Јаневски како еден од највлијателните претприемачи во регионот, препознатлив по својата стратегија за модернизација, интернационализација и градење на силни брендови кои рамноправно се натпреваруваат на светската сцена, промовирајќи го регионот како релевантна деловна дестинација. Под водство на Јаневски, ‘Тиквеш’ во изминатите над дваесет години доживеа длабока трансформација и се етаблира како најуспешна винарница од овој дел на Европа, која во светот успешно го презентира најдоброто од нашиот регион“, велат од „Тиквеш“.

    „Ова признание не го доживувам само како лична чест, туку како потврда за патот по кој чекори ,Тиквеш’ и како признание за трудот, страста и визијата на сите кои се дел од ова винско семејство. Да се води компанија со историја долга 140 години е и чест и обврска – да го почитуваме наследството и истовремено да покажеме дека традицијата и визијата можат да одат рака под рака – во ритамот на глобалниот пазар. ,Тиквеш’ е предводник во воведувањето иновации и стандарди во производство на грозје и вино, во примената на прецизно лозарство и користење ВИ и најбитно, првата зелена винарница на овие простори“, изјави Јаневски, кој во 2015 од истото тело ја доби Наградата за најменаџер на годината.

    Со над 800 меѓународни признанија за квалитет на своите вина, „Тиквеш“ е најнаградувана винарница во целиот регион. Со фокус на иновациите, одржливоста и јакнењето на брендовите, компанијата бележи значителен пазарен успех на сите клучни пазари, вклучувајќи ги и САД, Кина и земјите од Западна Европа.

    Дирекцијата на Европската независна агенција е меѓу најреномираните и најавторитетни тела на подрачјето на Југоисточна и Средна Европа. Наградите досега ги имаат добиено премиери, претседатели, светски признати менаџери и водечки компании од Европа и светот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира