Возраста за гласање во Велика Британија ќе биде намалена на 16 години до следните општи избори во 2029, што претставува голема промена во демократскиот систем на земјата.
Владата изјави дека оваа реформа има за цел да воведе поголема праведност за лицата од 16 и 17 години, од кои многумина веќе работат и можат да одат во војска. Шкотска и Велс веќе ја тестираа оваа промена на последните локални избори.
„Ова е сеизмичка промена која ќе овозможи да се слушне гласот на младите“, изјави министерката за демократија Рушанара Али.
Давањето право на глас на 16 и 17-годишниците беше предизборно ветување на Лабуристите. Во Европа вакво право веќе го има во Австрија, Германија и Грција.
„Многу е важно што лицата од 16 и 17 години ќе можат да гласаат. Тие се доволно стари да работат и плаќаат даноци, па затоа треба да имаат можност да се изјаснат за што сакаат да се трошат нивни пари“, изјави премиерот Кир Стармер.
Во исто време, Британците мора да имаат 18 години за да можат да купат алкохол и да се тетовираат, додека за возачка дозвола може да се полага од 17 години.