КОНФЕКЦИСКА РАБОТНИЧКА ИЗБРКАНА ОД РАБОТА ЗАШТО ПОБАРАЛА БОЛЕДУВАЊЕ ЗА ДА СЕ ГРИЖИ ЗА ДВЕГОДИШНОТО ДЕТЕ СО СИПАНИЦИ

    КОНФЕКЦИСКА РАБОТНИЧКА ИЗБРКАНА ОД РАБОТА ЗАШТО ПОБАРАЛА БОЛЕДУВАЊЕ ЗА ДА СЕ ГРИЖИ ЗА ДВЕГОДИШНОТО ДЕТЕ СО СИПАНИЦИКСЗД утврди дека работничката е дискриминирана затоа што била членка на синдикатот. (Фото: СДК.МК)

    Комисијата за спречување и заштита од дискриминација утврди директна дискриминација од страна на директорка на конфекција, која избркала од работа вработена кога кажала дека ќе мора да отвори боледување, зашто детето ѝ фатило сипаници.

    КСЗД утврди дека работничката е дискриминирана затоа што била членка на синдикатот.

    Подносителката навела во претставката до Комисијата дека била вработена на определено време во конфекциската фабрика од 17 септември 2024 година. Потпишувала договор секој месец.

    На половината на декември, младата мајка најавила дека нема да може да доаѓа на работа, ќе мора да отвори боледување бидејќи нејзиното дете на 2-годишна возраст, фатило сипаници. По најавата, на 17 декември директорката ја викнала и ја известила повеќе да не доаѓа на работа. Утредента Синдикатот проверил во Агенцијата за вработување, не била забележана промена или одјава на работничката. Ја советувале да оди на работа. Но, на 17 јануари годинава, оваа млада жена во тешка социјална и материјална состојба, добила решение за престанок на работниот однос.

    Боледувањето завршило, жената останала без работа, Кога во февруари испратила во конфекцијата лист за плата, добила само 15.000 денари. Боледувањето воопшто не ѝ било евидентирано во исплатниот лист, иако било уредно поднесено до работодавачот.

    При увидот во конфекцијата, од страна на директорката биле изречени бројни незадоволства од квалитетот на работата на работничката. Но, кажала и дека странскиот партнер ги намалил нарачките, па обемот на работа се намалил, што довело до отпуштање на работничките, првенствено на тие кои не постигнале норма во шиењето, каква што била наводно отпуштената работничка.

    Но, раководителката ништо од ова усно кажување не аргументирала, наведува Комисијата, поради што во овој случај утврдила директна дискриминација.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира