ГОРИ ПЛАНИНАТА ЖЕДЕН, ОГНОТ СЕ СПУШТИ ДО АВТОПАТОТ ТЕТОВО-СКОПЈЕ

    ГОРИ ПЛАНИНАТА ЖЕДЕН, ОГНОТ СЕ СПУШТИ ДО АВТОПАТОТ ТЕТОВО-СКОПЈЕАвтопатот Тетово – Скопје е отворен за сообраќај. (Фото: СДК.МК)

    Денеска околу пладне изби пожар на планината Жеден во Општина Желино. Горат грмушки и сува вегетација, а огнот се шири кон месноста Еребино каде се наоѓа база на АРМ.

    Во гаснењето на пожарот веднаш е вклучена противпожарната едииница од Тетово, како и пожарникари од Скопје, а од ДСЗ се интервенира со хеликоптер и друга механизација.

    „На пожарот помеѓу Желино и Еребино дејствуваат еден армиски хеликоптер, еден полициски камион марка МАН со цистерна од 8 тона и воден топ, два пинцгауери, еден хермелин, 30 војници и повеќе екипи на скопската бригада за противпожарна заштита заедно со пожарникарите од ТППЕ Тетово. Два ер трактори ќе полетаат во 16.00 часот“, соопштуваат од ДСЗ.

    Неофицијално се дознава дека пожарот бил подметнат бидејќи биле тетовските пожарникари забележани запалени автомобилски гуми како се тркалаат од врвот на брдото, а МВР работи на расветлување на причината за пожарот.

    Автопатот Тетово – Скопје е отворен за сообраќај.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира