ТРАМП БАРА ОД АМЕРИКАНСКИ СПОРТСКИ ТИМОВИ ДА СИ ГИ ВРАТАТ СТАРИТЕ ИМИЊА КОИ СЕ НАВРЕДЛИВИ ЗА ИНДИЈАНЦИТЕ

    ТРАМП БАРА ОД АМЕРИКАНСКИ СПОРТСКИ ТИМОВИ ДА СИ ГИ ВРАТАТ СТАРИТЕ ИМИЊА КОИ СЕ НАВРЕДЛИВИ ЗА ИНДИЈАНЦИТЕВашингтон Командерс оваа година постигна договор за враќање во главниот град, што предвидува и изградба на нов стадион (Фото: АП)

    Доналд Трамп се закани дека ќе блокира договор за изградба на нов стадион во Вашингтон доколку локалниот фудбалски тим Командерс не го врати своето старо име Редскинс. НФЛ тимот се откажа од ова име во 2020 по децении критики дека е расистичко.

    Покрај Командерс, Трамп го повика и бејзбол тимот Кливленд Гардијанс да си го врати името Индијанс и најави дека ако не го послушаат, ќе преземе официјална акција.

    „Би можел да им воведам ограничувања ако не го вратат своето оригинално име Вашингтон Редскинс и не се ослободат од смешниот назив Вашингтон Командерс. Нема да им дозволам да градат стадион во Вашингтон“, напиша Трамп на својата социјална мрежа.

    Тимот се пресели од Вашингтон во Лендовер, Мериленд во 1997, но оваа година постигна договор со локалните власти за враќање во главниот град, што предвидува и изградба на нов стадион, што треба да биде отворен во 2030.

    Трамп има ограничено овластување да интервенира според сегашниот закон што го регулира федералниот надзор врз Округот Колумбија, но тој ја покрена можноста за преземање поголема контрола.

    „Мислам дека треба да ја преземеме контролата врз Вашингтон“, кажа Трамп во февруари.

    Некои фанови се залагаат за враќање на името Редскинс, но водечките организации за правата на домородците се противат на тоа.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира