РЕПУБЛИКАНЦИТЕ ПРЕДЛАГААТ ОПЕРСКАТА КУЌА НА ЦЕНТАРОТ „КЕНЕДИ“ ДА БИДЕ ИМЕНУВАНА СПОРЕД МЕЛАНИЈА ТРАМП

    РЕПУБЛИКАНЦИТЕ ПРЕДЛАГААТ ОПЕРСКАТА КУЌА НА ЦЕНТАРОТ „КЕНЕДИ“ ДА БИДЕ ИМЕНУВАНА СПОРЕД МЕЛАНИЈА ТРАМПТрамп е почесна претседателка на центарот „Кенеди“, како што беа и другите први дами пред неа (Фото: Гети)

    Републиканците од Претставничкиот дом сакаат да ја именуваат оперската куќа на центарот „Џон Кенеди“ во Вашингтон според првата дама Меланија Трамп. Тие предлагаат новото име на установата да биде „Оперска куќа првата дама Меланија Трамп“.

    Нејасно е дали предлогот ќе помине во Претставничкиот дом и дали ќе добие поддршка од двете партии во Сенатот за да може да стане закон.

    Во февруари, Доналд Трамп го промени раководството на оваа уметничка институција, кога отпушти голем дел од управниот одбор и се назначи себеси за нејзин претседател.

    Предлог-законот за промена на името беше поднесен од конгресменот од Ајдахо, Мајк Симпсон и беше усвоен од Одделот за внатрешни работи.

    Именувањето на театарот според првата дама е извонреден начин да се признае нејзината поддршка и посветеност кон уметноста“, кажа Симпсон.

    Меланија Трамп е почесна претседателка на центарот „Кенеди“, како што беа и другите први дами пред неа.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира