МИЦКОСКИ ВЕЛИ ДЕКА КОЦЕВСКИ Е ОБВИНИТЕЛ НА СДСМ И ДУИ, НЕГО ДА СИ ГО ПРАШААТ ДО КАДЕ Е СЛУЧАЈОТ ЗА КОЧАНИ

    МИЦКОСКИ ВЕЛИ ДЕКА КОЦЕВСКИ Е ОБВИНИТЕЛ НА СДСМ И ДУИ, НЕГО ДА СИ ГО ПРАШААТ ДО КАДЕ Е СЛУЧАЈОТ ЗА КОЧАНИСпоред Мицкоски, СДСМ и ДУИ немаат потреба јавно да повикуваат на одговорност во врска со случајот за Кочани. (Фото: ВМРО-ДПМНЕ)

    Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, од партиска трибина во Штип кажа дека се „лажни“ повиците за правда од СДСМ и ДУИ во врска со, како што рече, „страшниот и ужасен случај во Кочани“. Тој ги упати опозициските партии одговорите да ги побараат директно од јавниот обвинител Љупчо Коцевски.

    „Паѓаат во вода сите оние тиради од прес-конференции за оној страшен ужасен случај во Кочани, оние лажни повици, буцкањата каде лажно велеа дека бараме правда“, изјави Мицкоски.

    Според него, двете опозициски партии немаат потреба јавно да повикуваат на одговорност.

    „Па тој случај токму го води овој за кој што сега зборував, нивниот државен јавен обвинител. Нема потреба да повикуваат јавно, слободно нека си го викнат, нека си се затворат во канцеларија тие малкумина што останаа во раководството на СДС и ДУИ и нека си го прашаат Коцевски до каде е“, рече Мицкоски.

    Тој ги поврза овие случувања со неодамнешната интерпелација за Коцевски во Собранието, каде СДСМ и ДУИ не гласаа за негова смена, со што, според Мицкоски, го заштитиле бидејќи тој е „последниот бастион во одбрана на нивниот криминал“.

    Собранието на 29 јули, со 71 глас „за“, му изгласа недоверба на јавниот обвинител Љубомир Коцевски. Необврзувачката интерпелација беше поднесена од партијата Левица.

    Обвинението против 34 лица во врска со трагедијата во Кочани беше поднесено на 13 јуни. Во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ на 16 март загина 62 лица, а над 200 беа повредени.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира