Тимот на Отсекот на инванзивна и интервентна кардиологија при Клиничката болница во Битола се збогатува со уште еден член, д-р Игор Спироски, специјалист-интернист и супспецијалист-интервентен кардиолог. Проширувањето доаѓа точно на 13-годишнината откако за првпат профункционира салата за инванзивна и интервентна кардиологија во Клиничка болница „Д-р Трифун Пановски” во Битола. Отсекот почна со работа под раководство на д-р Ненси Лозанче, и значеше нова ера во кардиолошката грижа за пациентите во Битола и Југозападниот Регион.
„Д-р Игор Спироски заедно со постоечкиот тим ќе ги спојат искуството и визијата со нова енергија и експертиза. Спироски има повеќе од две децении активно искуство во Универзитетската клиника за кардиологија во Скопје, со бројни успешни интервенции зад себе. Неговиот придонес како шеф на сала и долгогодишен член на ангио тимот претставува значајна вредност што ја внесуваме во нашиот битолски колектив“, соопштијд од Клиничката болница.
Ова проширување на тимот има за цел унапредување на здравствените услуги. Тоа е дел од мерките што ги презема раководството на Битолската болница во обезбедувањето на поброен квалитетн лекарски кадар. Дел од нив се и посетите на онколози од Kлиниката за радиотерапија и онкологија од Скопје, кои скоро еден месец секој петок вршат прегледи на онколошки пациенти во битолската Клиничка болница.
Ж. ЗДРАВКОВСКА