ВО ОПШТИНА АЕРОДРОМ ОД СЕПТЕМВРИ ЌЕ СЕ ОТВОРИ ЦЕНТАР ЗА ПОДДРШКА НА УЧЕНИЦИ СО ПОПРЕЧЕНОСТ

    ВО ОПШТИНА АЕРОДРОМ ОД СЕПТЕМВРИ ЌЕ СЕ ОТВОРИ ЦЕНТАР ЗА ПОДДРШКА НА УЧЕНИЦИ СО ПОПРЕЧЕНОСТЦентарот ќе може да го посетуваат ученици од сите училишта во општината според утврден распоред. (Фото: Општина Аеродром)

    Во основното училиште „Ѓорѓија Пулевски“ во скопската Општина Аеродром од септември ќе биде отворен Центар за поддршка на ученици со попреченост. В. д. градоначалникот на Општина Аеродром Дејан Митески и директорката на ОУРЦ „Д-р Златан Сремец“ Марија Делетиќ денеска потпишаа договор за воспоставување на Центарот и обезбедување стручни кадри за работа со учениците.

    Центарот ќе почне со работа на почетокот на новата учебна година, а ќе може да го посетуваат ученици од сите училишта во општината според утврден распоред.

    „Отворањето на овој Центар претставува голем чекор за унапредување на инклузивното образование и можност за еднаков пристап до соодветна поддршка за учениците со попреченост. Со оваа иницијатива, Општина Аеродром ја докажува својата посветеност за обезбедување оптимални услови за современ и инклузивен пристап во образованието и останува отворена за соработка со сите институции“, велат од Општина Аеродром.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира