ИТАЛИЈАНСКАТА ВЛАДА ЈА ОДОБРИ ИЗГРАДБАТА НА МОСТОТ ДО СИЦИЛИЈА, ЌЕ ЧИНИ 13,5 МИЛИЈАРДИ ЕВРА

    ИТАЛИЈАНСКАТА ВЛАДА ЈА ОДОБРИ ИЗГРАДБАТА НА МОСТОТ ДО СИЦИЛИЈА, ЌЕ ЧИНИ 13,5 МИЛИЈАРДИ ЕВРАМостот од 3,6 километри ќе биде еден од најдолгите на светот

    Италијанската влада денеска ја одобри изградбата на мостот со кој Сицилија ќе се поврзе со копното, овозможувајќи го проектот за кој се збори со децении. Мостот од 3,6 километри, кој ќе биде еден од најдолгите на светот, е тема на расправи од 1960-тите и тој треба да помогне во развојот на осиромашениот југ на Италија.

    Десничарската влада на Џорџа Мелони го истакна мостот „Теснецот Месина“ како свој приоритет и планира да издвои 13,5 милијарди евра за негова изградба во следните десет години.

    Според компанијата „Теснецот Месина“, која ќе го надгледува проектот, владиното одобрение овозможува почеток на прелиминарни работи, вклучувајќи археолошки и геолошки истражувања и експропријации на земјиште.

    Некои сметаат дека не е мудро да се гради ваков мост во зона на земјотрес, додека други велат дека тоа е големо трошење пари и штетно за пејзажот. Се стравува и дека криминалните банди Коза ностра и Ндрангета, со седиште во областа, би можеле да се инфилтрираат во работите за да остварат огромен профит.

    Некои граѓански групи водат кампања против мостот, нарекувајќи го непотребен, а еколошките здруженија оваа недела поднесоа жалба до Европската Унија, укажувајќи на сериозни ризици од штети врз животната средина.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира