ПОЛИЦИЈАТА ВО ПРИДРУЖБА НА БРЗА ПОМОШ ИЗВРШИ ПРЕТРЕС КАЈ ДИРЕКТОРКА НА ГИМНАЗИЈА ВО ДЕМИР ХИСАР, НАЧАЛНИКОТ БАРА ДА ЈА ОДНЕСАТ НА РАСПИТ НА НОСИЛКИ

    ПОЛИЦИЈАТА ВО ПРИДРУЖБА НА БРЗА ПОМОШ ИЗВРШИ ПРЕТРЕС КАЈ ДИРЕКТОРКА НА ГИМНАЗИЈА ВО ДЕМИР ХИСАР, НАЧАЛНИКОТ БАРА ДА ЈА ОДНЕСАТ НА РАСПИТ НА НОСИЛКИНа социјалните мрежи се појави и видеоснимка на која се гледаат полициски и медицински тим пред куќата на директорката. (Фото: Јутјуб/принтскрин)

    Полицијата синоќа во Демир Хисар извршила претрес во домот и возилото на Маја Лозановска, директорка на средното училиште „Крсте Петков Мисирков“, објави „4news“.

    За време на претресот била повикана и екипа на Брза помош, која констатирала дека Лозановска, која била на боледување, има висок крвен притисок. И покрај нејзината здравствена состојба, началникот на полицијата во Демир Хисар инсистирал таа веднаш да биде однесена во полициската станица на информативен разговор, дури и ако треба на носилки.

    На социјалните мрежи се појави и видеоснимка на која се гледаат полициски и медицински тим пред куќата на директорката, каде началникот изјавува дека таа мора да се појави на разговор, па ако треба и со амбулантно возило и на носилка.

    Адвокатот на Лозановска вели дека поканата за информативен разговор има рок за извршување од 15 дена и не налага итно постапување.

    Од Основното јавно обвинителство во Битола велат дека постапката за издавање на наредбата за претрес била целосно запазена. Тие додаваат дека извршувањето на наредбата е во надлежност на полицијата, но велат дека обвинителството не издало наредба за приведување или за итен распит на лицето. Претресот бил поради сомневање за кривично дело Фалсификување и уништување деловни книги.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира