ДИСЦИПЛИНСКА ЗА  НАЧАЛНИКОТ КОЈ НА НОСИЛКИ САКАШЕ ДА ЈА НОСИ ДИРЕКТОРКАТА НА ГИМНАЗИЈАТА ОД ДЕМИР ХИСАР ВО ПОЛИЦИЈА, МВР МУ ПРОГНОЗИРА РАЗРЕШУВАЊЕ

    ДИСЦИПЛИНСКА ЗА  НАЧАЛНИКОТ КОЈ НА НОСИЛКИ САКАШЕ ДА ЈА НОСИ ДИРЕКТОРКАТА НА ГИМНАЗИЈАТА ОД ДЕМИР ХИСАР ВО ПОЛИЦИЈА, МВР МУ ПРОГНОЗИРА РАЗРЕШУВАЊЕНачалникот Мартоновски во саботата присуствуваше на претресот во домот на директорката на Гимназијата во Демир Хисар, Маја Лозановска, и иако имаше само налог за претрес, изјави дека и на носилки болна ќе биде пренесена на информативен разговор во полиција (Фото: Јутјуб/принтскрин)

    Одделот за внатрешна контрола при МВР во брза постапка, констатира непрофесионално однесување во случајот со началникот на ОВР Демир Хисар Роберт Мартоновски, кој запна директорката на гимназијата болна и не баш подвижна да ја носи на носилки на информативен разговор во полиција.

    „Началникот ќе биде разрешен“, веднаш пресекоа од МВР.

    „Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека Одделот за внатрешна контрола при МВР, по извршени проверки во врска со објавеното видео за време на претрес во Демир Хисар, констатираше непрофесионално и неетично однесување на началник во ОВР Демир Хисар. За лицето е покрената дисциплинска постапка“, соопштијд од МВР.

    Со цел целосна непристрасност и објективност на истрагата, наведениот началник ќе биде разрешен од функцијата. Од МВР го осудуваат секој облик на насилство, незаконско или непрофесионално постапување.

    „Полицијата е тука за да ги спроведува законите и да им служи на граѓаните“, велат од МВР.

    Началникот Роберт Мартоновски во саботата вечерта присуствуваше на претресот во домот на директорката на Гимназијата во Демир Хисар, Маја Лозановска и иако имаше само налог за претрес, изјави дека и на носилки болна ќе биде пренесена на информативен разговор во полиција.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира