Кристијано Роналдо се сврши со својата долгогодишна партнерка Џорџина Родригес. Таа ја сподели веста на социјалните мрежи, објавувајќи фотографија од голем прстен.
Други детали не се познати, а Роналдо, кој е личност со најмногу следбеници на Инстаграм, засега не ја коментираше веста за свршувачката.
Роналдо (40) и Родригес (31) се заедно веќе девет години. Се запознале во бутик на „Гучи“ во Мадрид, каде што таа работела во времето кога тој настапуваше за Реал Мадрид. Роналдо е татко на пет деца, од кои две ги доби со Џорџина, која му помага во одгледувањето на останатите деца.
Роналдо од декември 2022 игра во Саудиска Арабија, додека Џорџина беше актуелна со својата документарна серија „Јас со Џорџина“ на „Нетфликс“.