РУСИЈА ПОБЕДИ ВО УКРАИНА, ПРАШАЊЕ НА ВРЕМЕ Е КОГА ЗАПАДОТ ЌЕ ГО ПРИЗНАЕ ТОА, КАЖА ОРБАН

    РУСИЈА ПОБЕДИ ВО УКРАИНА, ПРАШАЊЕ НА ВРЕМЕ Е КОГА ЗАПАДОТ ЌЕ ГО ПРИЗНАЕ ТОА, КАЖА ОРБАНТрамп кажа дека мировен договор ќе вклучи размена на територии, со што Зеленски не се согласува (Фото: АП)

    Русија победи во војната во Украина, заклучи унгарскиот премиер Виктор Орбан во пресрет на средбата на Доналд Трамп и Владимир Путин на Алјаска в петок. Тој беше единствениот лидер од ЕУ кој не ја потпиша заедничката изјава за поддршка на Украина.

    Сега збориме за тоа дали е ова војна со отворен крај, но не е. Украинците ја изгубија војната, Русите победија. Единственото прашање е кога и под кои услови западот ќе го признае тоа и каков ќе биде резултатот од сето ова“, кажа Орбан.

    Тој додаде дека Европа ја пропуштила шансата да преговара со Путин во времето кога претседател на САД беше Џо Бајден и сега е во опасност да се одлучува за нејзината иднина беа да биде вклучена во тоа.

    Ако не сте не на преговарачка маса, вие сте на менито“, кажа Орбан.

    Руските војници направиле изненадувачки пробив во длабочина на источниот фронт, што е забележан кај рударскиот град Добропиља во Доњецк. Украинската војска довела дополнителни трупи во регионот, признавајќи дека е тешко да се бори против мали групи руски војници кои вршат упади.

    Трамп кажа дека мировен договор ќе вклучи размена на територии, со што Володимир Зеленски не се согласува.

    Буквално целата територија за која се збори е украинска. Нема да го напуштиме Донбас, кој за Русите е само отскочна штица за идна нова офанзива. Не сум слушнал ниеден предлог кој би гарантирал дека нова војна нема да почне утре и дека Путин нема да се обиде да ги окупира Днипро, Запорожје и Харкив откако ќе го освои целиот Донбас. Путин не сака да постои суверена Украина“, кажа Зеленски.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира