ДУПЛАНТИС ГО СОБОРИ СВЕТСКИОТ РЕКОРД ВО СКОК СО СТАП ПО 13. ПАТ

    ДУПЛАНТИС ГО СОБОРИ СВЕТСКИОТ РЕКОРД ВО СКОК СО СТАП ПО 13. ПАТДуплантис го држи светскиот рекорд од февруари 2020 (Фото: АП)

    Арманд Дуплантис го собори светскиот рекорд во скок со стап по 13. пат, откако на Унгарското гран-при во Будимпешта прескокна височина од шест метри и 29 сантиметри.

    Тоа е неговиот трет светски рекорд оваа година. Последен пат му успеа на митингот од Дијамантската лига во Стокхолм во јуни, кога оствари резултат од 6,28 метри.

    Дваесет и петгодишниот Швеѓанец го држи светскиот рекорд од февруари 2020, кога прескокна 6,17 метри во Полска. Оттогаш постојано го подобрува за еден сантиметар.

    Откако Сергеј Бубка стана првиот човек кој прескокнал шест метри на 13 јули 1985 во Париз, светскиот рекорд беше соборен 26 пати, од кои 12 пати од Украинецот и еднаш од Рено Лавилени.

    По ваква серија резултати, двократниот олимписки првак Дуплантис ќе биде главен фаворит за третата титула по ред на претстојното Светско атлетско првенство во Токио.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира