Алармот ѕвони малку подоцна од вообичаено, затоа што е сабота, кога и кафето мириса поинтензивно, а денот ветува повеќе време за тебе. Конечно можеш да се исклучиш од работната недела. Но, секогаш има нешто во потсвеста што излегува кога најмалку очекуваш – одеднаш кликнува мислата: „Кога ли ми доспеваше ратата за кредитот? А, дали ја платив сметката за струја? Децата отидоа на викенд, колку пари имаат на картичките?“
Твоето секојдневие нормално е полно со обврски, брзина и информации. И затоа е и нормално да не можеш да се сетиш дали и кога си ги завршил обврските. Но, во овој модерен свет твојата финансиска рутина може да биде едноставна, организирана и секогаш достапна.
Токму затоа е тука новата мБанка на Комерцијална банка, дизајнирана со еден јасен фокус: ти и твоето секојдневие.
Финансии кои се движат со тебе
Новата мБанка не е само апликација. Таа е твојот финансиски сојузник што ти овозможува да ги водиш личните финансии со неколку допири – каде и да си, кога и да посакаш. Дизајнот е интуитивен, чист и лесен за навигација, така што веќе не постои причина за да се избегнува мобилното банкарство.
Брзо ќе провериш состојба на сметка, картички, кредити и депозити, ќе платиш сметка за комуналии, ќе префрлиш пари или ќе поделиш сметка со пријател, ќе го следиш движењето на твоите трансакции во реално време со бесплатни известувања, ќе заштедиш заради поевтините дигитални услуги. И сето тоа – без редици, без документи, без грижи.
Финансиските цели може да станат реалност
А, секојдневието и за среќа не е само обврски. Тука се и твоите желби за да отпатуваш некаде, да го реновираш домот, да си купиш нова кола или нов стан, да заштедиш пари за образованието на твоите деца или за твоја финансиска сигурност. Или едноставно сакаш месецот да го завршиш во плус.
Со функционалностите за штедење и за следење на трошоците, мБанка повторно е твојата лична финансиска алатка која ти помага да ги следиш, планираш и исполнуваш своите цели. Постави си цел за штедење и следи како чекор по чекор се приближуваш до целта. Финансиската дисциплина никогаш не била подостапна.
А, за убавите авантури и задоволства, имаш на дофат Онлајн потрошувачки кредит. Идентификувај се со OneID и добиј го за неколку минути.
Време е за ново мобилно банкарство. Симни ја новата мБанка од App Store, Google Play или App Gallery и направи го првиот чекор кон попаметно и поорганизирано секојдневие. А, ако досега не си ја користел, дознај како да ја активираш на следниот линк.
*Комерцијална објава