НЕМА ДОГОВОР ДОДЕКА НЕ СЕ ПОСТИГНЕ ДОГОВОР, КАЖА ТРАМП, САМИТОТ НА АЛЈАСКА НЕ ДОНЕСЕ НАПРЕДОК ОКОЛУ УКРАИНА

    НЕМА ДОГОВОР ДОДЕКА НЕ СЕ ПОСТИГНЕ ДОГОВОР, КАЖА ТРАМП, САМИТОТ НА АЛЈАСКА НЕ ДОНЕСЕ НАПРЕДОК ОКОЛУ УКРАИНАПутин и Трамп рекоа дека постигнале напредок по неодредени прашања, но не изнесоа детали и не одговараа на прашања (Фото: АП)

    Долгоочекуваната средба на Доналд Трамп и Владимир Путин на Алјаска не резултираше со договор за решавање или паузирање на војната во Украина, иако двајцата лидери ги опишаа разговорите како продуктивни.

    Тие кратко се појавија пред медиумите по речиси тричасовниот состанок во воена база во Енкориџ и рекоа дека постигнале напредок по неодредени прашања, но не изнесоа детали и не одговараа на прашања. Вообичаено зборливиот Трамп ги игнорираше прашањата што ги извикуваа новинарите.

    Постигнавме одреден напредок, но нема договор додека не се постигне договор“, рече Трамп, стоејќи пред банер на кој пишуваше „Во потрага по мир“, што беше мото на самитот.

    По самитот, Трамп изјави за „Фокс њуз“ дека ќе се воздржи од воведување царини за Кина за купување руска нафта, додека Индија ја казни претходно со дополнителна тарифа од 25%.

    Поради она што се случи денеска, мислам дека не морам да размислувам за тоа сега. Можеби ќе треба да размислувам за тоа за две или три недели или нешто слично“, рече Трамп за кинеските царини.

    Во интервјуто за „Фокс њуз“ Трамп кажа дека сега ќе биде закажан состанок помеѓу Путин и Володимир Зеленски, на кој би можел да присуствува и тој, но не даде дополнителни информации кој ќе го организира и кога. Путин не спомена средба со Зеленски кога разговараше со новинарите претходно.

    Очекувам Украина и нејзините европски сојузници конструктивно да ги прифатат резултатите од преговорите помеѓу САД и Русија и да не се обидуваат да го нарушат напредокот што се појавува“, рече Путин.

    Засега нема реакција од Киев на самитот. Кога од „Фокс њуз“ го прашаа што би му советувал на Зеленски, Трамп рече:

    Мора да се постигне договор. Видете, Русија е многу голема сила, а тие не се“.

    Зеленски ја отфрли можноста формално да ѝ предаде на Русија каква било територија и бара безбедносна гаранција поддржана од САД. Трамп рече дека ќе им се јави на Зеленски и на лидерите на НАТО за да ги информира за разговорите на Алјаска.

    Ден пред самитот, Путин ја најави можноста за нов договор за контрола на нуклеарното оружје, што ќе го замени постоечкиот, кој истекува во февруари. Не е јасно дали за ова било дискутирано.

    Трамп, кој во претседателската кампања тврдеше дека може да ја заврши војната во Украина за 24 часа, во четвртокот призна дека ова се покажало како потешка задача отколку што очекувал.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира