ПОЧИНА БРИТАНСКИОТ АКТЕР ТЕРЕНС СТЕМП

    ПОЧИНА БРИТАНСКИОТ АКТЕР ТЕРЕНС СТЕМПВо 1963 година Стемп беше номиниран за Оскар за најдобра споредна улога (Фото: Гети)

    Теренс Стемп, британскиот актер кој се прослави како генералот Зод во првите два филма за Супермен, почина на 87 години, објави неговото семејство. Стемп одигра разновидни улоги во кариерата, од „Теорема“ на Пазолини до „Авантурите на Присила, кралица на пустината“, каде што играше трансродова жена, а во 1963 година беше номиниран за Оскар за најдобра споредна улога за „Били Бад“.

    Роден во Лондон во 1938, Стемп го напуштил редовното образование откако добил стипендија за актерско школо. Познат по своите добар изглед и беспрекорен стил на облекување, Стемп ја сочинувал една од најгламурозните британски двојки со Џули Кристи, со која глумеше во „Далеку од лудата толпа“ во 1967.

    Во 1965 ја добил наградата за најдобар актер на Канскиот фестивал за „Колекционер“, а откако не успеал да го замени Шон Конери во улогата на Џејмс Бонд, почнал да глуми во италијански филмови, при што соработувал и со Федерико Фелини. Потоа се повлекол од јавноста за да учи јога во Индија, а на големата сцена се вратил со улогата на негативецот генерал Зод во „Супермен“ од 1978 и во продолжението од 1980.

    Во кариерата оствари речиси 100 филмски и телевизиски улоги, снимајќи го последниот филм во 2021.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира