ДОЖДОТ НЕ ГО ИЗГАСИ ПОЖАРОТ ВО ЈАСЕН, ОЧЕКУВАМ ПОПЛАДНЕ ДА СЕ ЗАСИЛИ, ВЕЛИ АНГЕЛОВ

    ДОЖДОТ НЕ ГО ИЗГАСИ ПОЖАРОТ ВО ЈАСЕН, ОЧЕКУВАМ ПОПЛАДНЕ ДА СЕ ЗАСИЛИ, ВЕЛИ АНГЕЛОВСе работи за екстремно стрмен терен и еден со зимзелена шума кадешто е исклучително ризично да се спуштат луѓе. (Фото: ДЗС)

    Пожарот во ловиштето Јасен сѐ уште не е изгаснат. Еден крак е сѐ уште активен. Дождот што заврна во многу мала количина не го изгасна огнот, вели Стојанче Ангелов, директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) .

    „Овде дејствуваме со два ‘ер-трактора’ на Дирекцијата за заштита и спасување бидејќи можам да забележам една жешка точка и горе високо над сртот, и од спротивната страна две жешки точки со чадење“, изјави Ангелов.

    Според него, се работи за екстремно стрмен терен и еден со зимзелена шума кадешто е исклучително ризично да се спуштат луѓе.

    „Нашиот фокус ќе биде со два ‘ер-трактора’ и со полицискиот хеликоптер да дејствуваме на оваа точка. Ќе дадеме сѐ од себе во текот на денешниот ден да го ставиме под целосна контрола и овој преостанат крак од пожарот, но веќе гледам дека горењето се засилува што само по себе подразбира дека во попладневните часови ќе имаме посилен оган“, додаде Ангелов.

    АМСМ соопшти дека поради пожар во националниот Парк Јасен, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје сѐ уште останува затворен за секаков вид на возила.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира