ИЗРАЕЛ ГО РАКЕТИРАШЕ ГЛАВНИОТ ГРАД НА ЈЕМЕН, САНА, ШЕСТМИНА ЗАГИНАТИ

    ИЗРАЕЛ ГО РАКЕТИРАШЕ ГЛАВНИОТ ГРАД НА ЈЕМЕН, САНА, ШЕСТМИНА ЗАГИНАТИИзраелската војска соопшти дека меѓу целите се воен комплекс во кој се наоѓа претседателската палата, две електрани и складиште за гориво. (Фото: АП)

    Израелските вчера го ракетираше јеменскиот главен град Сана како одмазда за ракетите испукани од хутите кон Израел, при што загинааа шест лица, а 86 се ранети. Ова се најновите во серијата директни напади и контранапади меѓу Израел и милитантите хути во Јемен што трае повеќе од една година, дел од прелевањето од војната во Газа.

    Израелската војска соопшти дека меѓу целите се воен комплекс во кој се наоѓа претседателската палата, две електрани и складиште за гориво. Во нападите загинале шест лица, а 86 биле повредени во конечниот број, изјави портпарол на Министерството за здравство на хутите на Икс.

    „Нападите беа спроведени како одговор на повторените напади од страна на терористичкиот режим на хутите врз Државата Израел и нејзините цивили, вклучително и лансирање ракети земја-земја и беспилотни летала кон израелска територија во последните денови“, се вели во соопштението на израелската војска.

    На 22 август, хутите изјавија дека испалиле балистичка ракета кон Израел во нивниот последен напад, за кој рекоа дека бил во поддршка на Палестинците во Газа.

    Откако започна војната на Израел во Газа против палестинската милитантна група Хамас во октомври 2023, хутите, кои се сојузници на Иран, напаѓаа бродови во Црвеното Море, како акти на солидарност со Палестинците. Тие често испукуваа ракети и кон Израел, од кои повеќето беа пресретнати. Израел одговори со напади врз областите во Јемен контролирани од хутите, меѓу кои и виталното пристаниште Ходеида. Абдул Кадер ал-Муртада, висок функционер на хутите, вчера изјави во неделата дека хутите, кои контролираат голем дел од населението на Јемен, ќе продолжат да дејствуваат во солидарност со Палестинците во Газа.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира