МИНИСТЕРОТ АЛИУ ФОРМИРАШЕ КОМИСИЈА КОЈА ЌЕ ГИ ПРОВЕРУВА НАОДИТЕ НА КАРДИОХИРУРГОТ КЕДЕВ ЗА НЕПОТРЕБНИ ОПЕРАЦИИ ВО ПРИВАТНОТО ЗДРАВСТВО

    МИНИСТЕРОТ АЛИУ ФОРМИРАШЕ КОМИСИЈА КОЈА ЌЕ ГИ ПРОВЕРУВА НАОДИТЕ НА КАРДИОХИРУРГОТ КЕДЕВ ЗА НЕПОТРЕБНИ ОПЕРАЦИИ ВО ПРИВАТНОТО ЗДРАВСТВОМинистерството за здравство испрати допис до јавните здравствени установи да достават податоци за вкупниот број извршени процедури и операции за периодот јануари 2022 – август 2025 година. (Фото: СДК.МК)

    Комисија составена од доктори од повеќе клиники и болници, како и претставници од Фондот за здравство (ФЗОМ) и Министерство за здравство ќе прави анализа на кардиолошките и кардиоваскуларните интервенции во здравствените установи во државата. Министерот за здравство Азир Алиу ја формираше комисијата откако кардиохирурхот Сашко Кадев обвини за непотребни операции во приватното здравство.

    Интерната комисија е составена од врвни екперти во областа, правници и економисти, меѓу кои д-р Васил Папестиев од Клиника за кардиохирургија, д-р Билјана Зафировска и д-р Иван Василев од Клиника за кардиологија, д-р Мишел Андонов и д-р Илир Вела од Клиника за торакална и васкуларна хирургија, д-р Ненси Лозанче од Клиничка болница Битола, д-р Валон Асани од Клиничка болница Тетово, д-р Никола Христов од Клиника „Жан Митрев“, д-р Жарко Христовски од „Аџибадем Систина“, како и претставници од ФЗОМ д-р Ана Митевска и д-р Жаклина Крстевска, Стефанка Петковска, правник и претставници од Министерство за здравство д-р Александар Митов, Стојанчо Стојковски и Бахар Љама.

    Министерот за здравство Азир Алиу денеска одржа состанок со интерната комисија задолжена за изготвување прелиминарна анализа заедно со заменик министерот, Јовица Андовски и директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски.

    Очекувам комисијата да испорача резултати, кои се објективни и произлегуваат од максимално професионално и независно спроведен процес. Резултатите од работата ќе бидат важни од аспект на реално утврдување на состојбите и поставување цврста основа за унапредување на менаџирањето во здравството“, рече министерот Азир Алиу.

    Истовремено, Министерството за здравство испрати допис до јавните здравствени установи да достават податоци за вкупниот број извршени процедури и операции за периодот јануари 2022 – август 2025 година за извршени интервентни кардиолошки процедури, како што се коронарографии и стентирања, васкуларни ангиографии и кардиохируршки/васкуларни операции.

    Процесот ќе биде максимално транспарентен. Наодите од анализата на интерната комисија ќе бидат во најскоро време доставени до стручната комисија составена од странски експерти, а извештајот од интерната комисија ќе биде објавен на веб страницата на Министерство за здравство“, велат од Министерството.

    Ова селди по изјавата на кардиохирургот д-р Сашко Кедев во интервју за Канал 77, дека во некои приватни болници се вршат непотребни интервенции со цел профит, вклучувајќи и непотребни стентирања и операции. Тој не спомна по име ниедна болница. По изјавата, приватната болница „Аџибадем Систина“ побара од него да прецизира за која установа се однесуваат овие тврдења, предупредувајќи дека ако тоа не го стори, ќе поднесе тужба за клевета и нарушување на угледот.

    Кедев на 20 август објави дека добил најава за тужба од „Аџибадем Систина“, и кажа дека дека тоа ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство.

    „Најголем дел од мојата консултативна работа е да ги одвратам луѓето од непотребни интервенции. Се соочуваме со непотребни постапки во приватни установи, кои се профитно ориентирани. Имаме докази дека одредени центри би требало да се затворат од медицински аспект“, изјави Кедев.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира