КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА ГО ДОНЕСЕ APPLE PAY ЗА СВОИТЕ КОРИСНИЦИ ВО МАКЕДОНИЈА

    КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА ГО ДОНЕСЕ APPLE PAY ЗА СВОИТЕ КОРИСНИЦИ ВО МАКЕДОНИЈА

    Комерцијална банка денеска го воведе Епл плати за корисниците на сопствени картички.

    Apple Pay е лесен, безбеден и личен начин на плаќање во продавница преку апликација или онлајн. За плаќање во продавница клиентот кликнува двапати на странично копче, се автентицира и го држи својот „ајфон“ или „епл воч“ блиску до терминалот за да се направи бесконтактно плаќање. Секое плаќање со Apple Pay е безбедно и автентицирано со Face ID, Touch ID или со лозинката од уреди, како и со еднократен уникатен динамичен безбедносен код.

    Apple Pay е прифатен во маркети, аптеки, ресторани, кафетерии, продавници и на многу други места кои прифаќаат бесконтактни плаќања.

    Клиентите на Комерцијална банка стануваат дел од глобалното семејство на стотици милиони корисници на Apple Pay. Наш врвен приоритет е да ги носиме најдобрите светски практики и технологии до нашите клиенти. Со Apple Pay овозможуваме уште едно врвно корисничко искуство, каде брзината, удобноста и безбедноста се беспрекорни“, изјави Никола Џамбазовски, главен директор за продажба и развој и член на Управниот одбор на Комерцијална банка.

    Клиентите можат да го користат Apple Pay и преку „ајфон“, „ајпад“ и „мек“ за да вршат побрзи и поудобни купувања преку апликации или на интернет, без да треба да креираат кориснички сметки или постојано да ги внесуваат контакт информациите, податоците од картичката или информациите за достава и наплата.

    Безбедноста и приватноста се во суштината на Apple Pay. Кога клиентите користат кредитна или дебитна картичка со Apple Pay, бројот на картичката не се зачувува на уредот, ниту на серверите на „Епл“. Наместо тоа, се доделува уникатен број на сметката на уредот (Device Account Number), кој е енкриптиран и безбедно зачуван во Secure Element, сертифициран чип кој претставува индустриски стандард и е дизајниран за безбедно чување на податоците за плаќање на уредот.

    Apple Pay се поставува едноставно. На „ајфон“ отворете ја Wallet апликацијата, притиснете ‘+’ и следете ги чекорите за да ја додадете дебитната или кредитната картичка од Комерцијална банка. Кога клиентите еднаш ќе ја додадат картичката во „ајфон“, „епл воч“, „ајпад“ и „мек“, можат веднаш да почнат да го користат Apple Pay на тој уред. Корисниците ќе продолжат да ги добиваат сите бенефиции и награди овозможени со картичките на Комерцијална банка.

    Повеќе информации за Apple Pay на линкот https://www.apple.com/apple-pay/

     

    *Комерцијална презентација

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира