Белгија ќе ја признае палестинската држава на претстојното Генерално собрание на Обединетите нации, што почнува на 9 септември, објави министерот за надворешни работи Максим Прево. Тоа истовремено ќе биде проследено со санкции за израелската влада.
„Белгија ќе ја признае Палестина и ќе воведе строги санкции за израелската влада“, напиша Прево на Икс.
Таа појасни дека нејзината влада ќе воведе 12 санкции за Израел на национално ниво како одговор на хуманитарната трагедија во Газа и насилството извршено од Израел со кршење на меѓународното право.
„Белгија мораше да донесе силни одлуки за да го зголеми притисокот врз израелската влада“, рече Прево, додавајќи дека санкциите ќе се однесуваат и на двајца екстремистички израелски министри.
Тој рече дека признавањето ќе биде формализирано откако ќе биде ослободен и последниот заложник од Газа и Хамас повеќе нема да има никаква улога во управувањето со Палестина.
Пред Белгија, ваква одлука најавија и Франција, Велика Британија, Австралија и Канада.