ТРАМП ГО ОБВИНИ ШЈИ ЏИНПИНГ ДЕКА ПРАВИ ЗАГОВОРИ ПРОТИВ САД СО ПУТИН И КИМ

    ТРАМП ГО ОБВИНИ ШЈИ ЏИНПИНГ ДЕКА ПРАВИ ЗАГОВОРИ ПРОТИВ САД СО ПУТИН И КИМПутин и Ким беа меѓу гостите на воената парада во Пекинг (Фото: АП)

    Доналд Трамп го обвини Шји Џинпинг дека прави заговори против САД со лидерите на Русија и Северна Кореја. Тој се огласи додека во Пекинг се одржуваше голема воена парада, на која Кина ги претстави своите најнови оружја, вклучувајќи нуклеарен интерконтинентален балистички проектил.

    „Ве молам, упатете ги моите најтопли поздрави до Владимир Путин и Ким Џонг Ун додека правите заговори против САД“, напиша Трамп на својата социјална мрежа.

    Трамп претходно ги отфрли сугестиите дека затоплувањето на односите помеѓу Кина, Русија и другите нации претставува предизвик за САД на глобалната сцена.

    Кина со парадата одбележа 80 години од предавањето на Јапонија и крајот на Втората светска војна, за што, како што кажа Трамп, придонеле и САД.

    „Америка ѝ даде на Кина огромна количина поддршка и крв за време на Втората светска војна. Многу Американци загинаа во потрагата на Кина по победа и слава. Се надевам дека тие ќе бидат почитувани и запаметени за нивните храброст и жртва“, рече Трамп.

    Трамп во вторникот кажа дека не е загрижен за формирањето на оската помеѓу Русија и Кина.

    „Америка ги има најмоќните воени сили во светот, тие никогаш нема да ги користат своите воени сили против нас. Верувајте ми, тоа би било најлошото нешто што некогаш би можеле да го направат“, рече тој.

    Кремљ ја коментираше последната изјава на Трамп и кажа дека никој не прави заговори против САД.

    „Путин, Шји и Ким не ни размислуваат за заговор против САД, тие ја разбираат улогата на Вашингтон во сегашната меѓународна ситуација“, изјави Јѕри Ушаков, советникот за надворешна политика на Кремљ.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира