ЕДНОГОДИШНО ДЕТЕ МЕЃУ ЗАГИНАТИТЕ ВО РУСКИ ВОЗДУШЕН НАПАД ВРЗ КИЕВ, ПОГОДЕНА И ЗГРАДАТА НА ВЛАДАТА

    ЕДНОГОДИШНО ДЕТЕ МЕЃУ ЗАГИНАТИТЕ ВО РУСКИ ВОЗДУШЕН НАПАД ВРЗ КИЕВ, ПОГОДЕНА И ЗГРАДАТА НА ВЛАДАТАВластите кажаа дека се погодени и запалени и неколку станбени висококатници (Фото: ДСНС)

    Најмалку тројца луѓе загинаа, а 18 се повредени во ноќешниот руски напад со дронови врз Киев. Меѓу жртвите е едногодишно дете, кое беше извлечено од урнатини, кажа шефот на воената управа на Киев, Тимур Ткаченко.

    Во центарот на градот е погодена зградата на владата. Пожарникарите се на терен“, изјави градоначалникот на Киев, Витали Кличко, додавајќи дека пожарот веројатно бил предизвикан од остатоци од соборен дрон.

    За првпат од почетокот на војната зградата на владата е оштетена во непријателски напад – покривот и горните катови“, рече премиерката Јулија Свириденко.

    Властите кажаа дека се погодени и запалени и неколку станбени висококатници. Покрај дронови, кон градот биле испукани и крстосувачки ракети.

    Воздушните сили на Украина објавија на Телеграм дека Русија лансирала 805 дронови и 13 ракети, од кои биле соборени 751 дрон и четири ракети. Тоа е најголемиот број дронови што Русија ги лансирала во еден напад врз земјата откако започна војната.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира