САБАЛЕНКА ЈА ОДБРАНИ ТИТУЛАТА НА ЈУ-ЕС ОПЕН

    САБАЛЕНКА ЈА ОДБРАНИ ТИТУЛАТА НА ЈУ-ЕС ОПЕНСабаленка и оваа сезона беше најдоминантниот играч на ВТА-турнејата (Фото: АП)

    Светскиот рекет број еден Арина Сабаленка ја одбрани титулата на Отвореното првенство на САД откако во финалето ја совлада Аманда Анисимова со 6:3, 7:6, потврдувајќи го својот статус на кралица на тврдата подлога.

    Ова е нејзината четврта гренд слем титула, станувајќи првата тенисерка од Серена Вилијамс која двапати по ред славела на Ју-Ес опен.

    Анисимова, пак, го доживеа второто големо разочарување ова лето, откако во финалето на Вимблдон не успеа да освои ниеден гем против Ига Швјонтек.

    Дваесет и седумгодишната Сабаленка и оваа сезона беше најдоминантниот играч на ВТА-турнејата откако освои повеќе титули, мечеви и поени од сите други, но и изгуби во финалето на Отвореното првенство на Австралија и Ролан Гарос.

    Оваа сезона се чувствував поинаку, како да морам да надминам многу работи за да го добијам тоа. Знаев дека поради напорната работа што ја вложивме заслужував да имам гренд слем титула оваа сезона“, рече Сабаленка.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира