ПЕТМИНА УБИЕНИ ВО ПУКАЊЕ ВО АВТОБУС ВО ЕРУСАЛИМ

    ПЕТМИНА УБИЕНИ ВО ПУКАЊЕ ВО АВТОБУС ВО ЕРУСАЛИМПолиција кажа дека „се неутрализирани двајца терористи“ (Фото: ЕПА)

    Најмалку петмина луѓе се убиени во пукање во Источен Ерусалим, објавија лекарските служби. Четворица од убиените се мажи, од кои тројца во 30-ти години. Во локалните болници се примени деветмина со прострелни рани, од кои седуммина се во сериозна состојба.

    Израелската полиција објави дека пукањето се случило на раскрсница во северозападниот дел на градот и дека „се неутрализирани двајца терористи“.

    Според телевизијата „Канал 12“, напаѓачите влегле во автобус и почнале да пукаат, по што биле застрелани од еден војник. Досега ниедна група не ја презела одговорноста за нападот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира