Дарио Ивановски заврши на 58. место на маратонската трка на Светското првенство во атлетика, што се одржува во Токио. Ивановски ја помина делницата за два часа, 28 минути и 31 секунда и беше меѓу 66-темина учесници кои ја завршија трката.
Златниот медал го освои Алфонс Феликс Симбу од Танзанија со време од два часа, девет минути и 48 секунди, но за победникот мораше решава фото-финиш, откако тој влезе во целта заедно со Германецот Аманал Петрос. На него на крајот му припадна среброто со временска разлика од само три стотинки. Трет беше Италијанецот Илијас Ауани, кој заостана пет секунди зад двајцата најбрзи.
Ова е прво злато за Танзавија во историјата на светските првенства.
Адријана Поп Арсова-Рашиќ беше 62. на женскиот маратон, што се трчаше вчера, постигнувајќи време од 3:01:48 часа, со што македонските репрезентативци го завршија настапот на Светското првенство.