ПОБЕДИ НА ДАНИЕЛА АЛЕКСОВСКА И МАРКО ТРАЈАНОВСКИ НА ММА СПЕКТАКЛОТ ВО СКОПЈЕ

    ПОБЕДИ НА ДАНИЕЛА АЛЕКСОВСКА И МАРКО ТРАЈАНОВСКИ НА ММА СПЕКТАКЛОТ ВО СКОПЈЕАлексовска победи уште во првата рунда, а Трајановски со судиска одлука

    Даниела Алексовска и Марко Трајановски победија во своите борби на ММА (мешани боречки вештини) спектаклот „Армадa 14“, што се одржа во салата „Јане Сандански“ во Скопје.

    Алексовска оствари сензационална победа откако уште во првата рунда ја совлада Флацеа Алда од Молдавија. Во последната минута од воведната рунда, Алексовска успеа да ја фати својата противничка во одличен зафат, од кој таа немаше излез. Судијата ја прекина борбата и ја прогласи Алексовска за победничка.

    Марко Трајановски дојде до својата прва полупрофесионална победа во дуелот со Петар Кликовац од Србија. По трите рунди, судиите едногласно му ја доделија победата на македонскиот борец.

    Следниот голем предизвик за Даниела Алексовска ќе биде Светското првенство во ММА во Тбилиси, Грузија, што ќе се одржи на 27 септември.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира