СРУШЕН ЅИД НА СТАДИОНОТ ВО ШТИП ЗА КОНЦЕРТОТ НА ДИНО МЕРЛИН НА ПАСТРМАЛИЈАДАТА

    СРУШЕН ЅИД НА СТАДИОНОТ ВО ШТИП ЗА КОНЦЕРТОТ НА ДИНО МЕРЛИН НА ПАСТРМАЛИЈАДАТАСе очекува концертот да го следат од 50.000 до 100.000 посетители.(Фото: СДК.МК)

    За да може публиката непречено и безбедно да влегува на концертот на Дино Мерлин, Елена Ристеска и Владо Јаневски, Општина Штип сруши ѕид на градскиот стадион. Се очекува концертот кој ќе се одржи во рамките на манифестацијата „Штипска пастрмалијада“ да го следат од 50.000 до 100.000 посетители. Тие ќе настапат вечерта во сабота на 20 септември.

    Бината е поставена на помошното игралиште од страна на автобуската станица во Штип, од каде ќе има два влеза за веќе резервираните штандови, а од спротивната страна на стадионот од кај новата пошта во Штип, каде што е срушен ѕидот, ќе има неколку посебни влезови на кои ќе се врши проверка што се внесува во стадионот од страна на публиката. Тие влезови ќе бидат наменети за сместување во партерот и на новата трибина на стадионот. Еден влез со такви инсталации ќе има има и од страната на студенскиот дом во Штип, наменета за публиката која ќе се сместува на старата трибина. Влезот за сите ќе биде бесплатен.

    „Општина Штип како организатор нема трошоци околу музичката програма затоа што таа се реализира со помош на спонзорите, освен што општинскиот буџет предвиде техничка поддршка во износ од 4,5 милиони денари. Тоа е ништо од вкупните финансиски остварувања од неколку милиони евра“, рече градоначалникот на Штип Иван Јорданов.

    Голем број посетители и гости од другите места се очекуваат и првиот ден од манифестацијата „Штипска пастрмалијада“, во петок 19 септември на локацијата „Едносмерна“ на која ќе има богата дневна и ноќна музичка програма и штандови кои ќе го нудат штипскиот специјалитет по цена од 220 денари.

    Т.ЈОВАНОВСКИ

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира