ПО ТРАМП, И ОРБАН ЌЕ ГО ПРОГЛАСИ ДВИЖЕЊЕТО АНТИФА ЗА ТЕРОРИСТИЧКА ОРГАНИЗАЦИЈА

    ПО ТРАМП, И ОРБАН ЌЕ ГО ПРОГЛАСИ ДВИЖЕЊЕТО АНТИФА ЗА ТЕРОРИСТИЧКА ОРГАНИЗАЦИЈАОрбан изјави дека е задоволен од најавата на Трамп да ја означи Антифа како голема терористичка организација во САД (Фото: АП)

    Унгарија ќе го следи примерот на Доналд Трамп и ќе го прогласи антифашистичкото движење Антифа за терористичка организација, кажа премиерот Виктор Орбан.

    Антифа е општ термин за лабаво поврзани крајнолевичарски активисти и групи кои се спротивставуваат на фашизмот, фашистите и неонацистите, особено на демонстрации. Повеќе наликува на идеологија отколку на организација, иако некои прифатиле милитантни тактики.

    Орбан изјави за државното радио дека е задоволен од најавата на Трамп да ја означи Антифа како „голема терористичка организација“ во САД.

    „Антифа е навистина терористичка организација. И во Унгарија дојде време да ги класифицираме организациите како што е Антифа како терористички организации, следејќи го американскиот модел“, рече Орбан.

    Антифашистичките групи ретко се вклучуваат во политички акции во Унгарија, каде што Орбан и неговата партија се на власт повеќе од 15 години. Орбан се осврна на инцидент од 2023, кога антифашистички активисти нападнаа неколку учесници на годишен настан на крајната десница во Будимпешта.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира