ПАЛЕСТИНСКА ДРЖАВА НЕМА ДА ИМА, КАЖА НЕТАНЈАХУ ОТКАКО ТАА БЕШЕ ПРИЗНАТА ОД БРИТАНИЈА, АВСТРАЛИЈА И КАНАДА

    ПАЛЕСТИНСКА ДРЖАВА НЕМА ДА ИМА, КАЖА НЕТАНЈАХУ ОТКАКО ТАА БЕШЕ ПРИЗНАТА ОД БРИТАНИЈА, АВСТРАЛИЈА И КАНАДАНетанјаху кажа дека постоењето на палестинска држава ќе го загрози опстанокот на Израел (Фото: ГПО)

    Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху порача дека нема да има палестинска држава откако таа денеска беше призната од Велика Британија, Австралија и Канада, што ќе го следат и други држави на претстојното Генерално собрание на Обединетите нации.

    Имам порака до лидерите кои ја признаа Палестина по ужасниот масакр на 7 октомври 2023: тоа нема да се случи. Палестинска држава нема да се формира западно од реката Јордан“, кажа Нетанјаху, обвинувајќи ги трите држави дека го наградуваат Хамас со својата одлука.

    Нетанјаху ќе одржи говор пред Генералното собрание в петок, по што ќе патува за Вашингтон на средба со Доналд Трамп. Признавање на Палестина најавија и Белгија, Франција, Луксембург, Португалија, Малта, Нов Зеланд и Лихтенштајн.

    Тој кажа дека постоењето на палестинска држава ќе го загрози опстанокот на Израел и дека мир мора да се постигне преку сила.

    Велика Британија и формално ја признава Државата Палестина за да ги оживее надежите за мир и за решението со две држави. Човечки предизвиканата хуманитарна криза во Газа достигна нови длабочини. Немилосрдното и засилено бомбардирање на Газа од страна на израелската влада, офанзивата во последните недели, гладот и уништувањето се апсолутно неподносливи“, кажа британскиот премиер Кир Стармер.

    Стармер му пишал на палестинскиот претседател Махмуд Абас за да ја потврди одлуката на Велика Британија, истакнувајќи дека Лондон во 1917 ја поддржал одлуката да се формира дом за еврејскиот народ, а истовремено ветувал дека ќе ги заштити правата на нееврејските заедници. Британските трупи го зазедоа Ерусалим во 1917, а во 1922 Лигата на народите ѝ додели на Британија меѓународен мандат да управува со Палестина во повоениот договор.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира