„ДИЗНИ“ ГО ВРАТИ ШОУТО НА ЏИМИ КИМЕЛ ПО СУСПЕНЗИЈАТА ПОРАДИ КОМЕНТАРИТЕ ЗА ЧАРЛИ КИРК

    „ДИЗНИ“ ГО ВРАТИ ШОУТО НА ЏИМИ КИМЕЛ ПО СУСПЕНЗИЈАТА ПОРАДИ КОМЕНТАРИТЕ ЗА ЧАРЛИ КИРККимел беше суспендиран откако кажа дека „МАГА бандата“ се обидува да добие политички поени од убиството на Кирк (Фото: АП)

    Џими Кимел се враќа во своето вечерно шоу на Еј-Би-Си откако беше суспендиран минатата недела поради неговите коментари за убиството на конзервативниот активист Чарли Кирк. „Дизни“, во чија сопственост е ТВ-мрежата, соопшти дека шоуто беше суспендирано зашто сметаше дека некои коментари биле лошо темпирани и нечувствителни.

    Последните денови ги поминавме во внимателни разговори со Џими и по тие разговори донесовме одлука да ја вратиме емисијата во програмата“, објави „Дизни“.

    Ненадејното откажување на „Џими Кимел во живо“ уследи по заканите од федералниот регулатор на медиуми дека ќе му ја одземе лиценцата на Еј-Би-Си, предизвикувајќи национални дебати за слободата на говорот. Откажувањето на шоуто беше поздравено и од Доналд Трамп, кого Кимел често го критикуваше.

    Кимел беше суспендиран откако минатата недела во своето шоу кажа дека „МАГА бандата“ се обидува да добие политички поени од убиството на Кирк.

    МАГА бандата очајно се обидува да го окарактеризира ова дете кое го уби Чарли Кирк како нешто што не е едно од нив и прави сè што може да добие политички поени од тоа“, кажа Кимел.

    Тој исто така ја критикуваше одлуката знамињата да се спуштат на половина копје во чест на Кирк и се потсмеваше со реакцијата на Доналд Трамп на пукањето. Трамп вчера не ја коментираше одлуката за враќањето на Кимел, додека имаше најави дека неговото шоу ќе биде заменето со друго во истиот термин.

    Кимел, кој има свое шоу од 2003 и беше домаќин на четири церемонии за доделување Оскари, сè уште јавно не се огласил за суспензијата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира