МОЛДАВИЈА УАПСИ 74 ЛУЃЕ КОИ ПЛАНИРАЛЕ НЕРЕДИ ПРЕД ИЗБОРИТЕ, ВЕЛИ ДЕКА ПОВЕЌЕТО БИЛЕ ОБУЧУВАНИ ВО СРБИЈА

    МОЛДАВИЈА УАПСИ 74 ЛУЃЕ КОИ ПЛАНИРАЛЕ НЕРЕДИ ПРЕД ИЗБОРИТЕ, ВЕЛИ ДЕКА ПОВЕЌЕТО БИЛЕ ОБУЧУВАНИ ВО СРБИЈАПретседателката Маја Санду ја обвини Русија дека се обидува да влијае врз парламентарните избори в недела (Фото: Гети)

    Во Молдавија се уапсени 74 луѓе обвинети дека планирале масовни нереди во земјата, додека прозападната претседателка Маја Санду ја обвини Русија дека се обидува да влијае врз претстојните парламентарни избори.

    Полицијата кажа дека осомничените биле приведени по повеќе од 250 претреси низ земјата. Јавниот обвинител на Молдавија Виктор Фуртуна кажа дека уапсените се на возраст од 19 до 45 години и дека најголемиот дел од нив биле обучувани во Србија.

    „Претресите се поврзани со подготовка на масовни немири и дестабилизација, што било координирано од Руската Федерација преку криминални елементи“, соопшти полицијата.

    Санду ги опиша изборите в недела како најзначајни во историјата на нацијата и го обвини Кремљ дека влева стотици милиони евра во земјата во обид да влијае на изборите.

    „Луѓето се трујат секојдневно со лаги. Стотици лица се платени да предизвикуваат нереди и насилства и да шират страв. Апелирам до сите граѓани: не смееме да дозволиме нашата земја да биде предадена на странски интереси“, кажа Санду.

    Москва негираше дека се меша во внатрешните работи на Молдавија.

    Иако владејачката Партија на акција и солидарност води во анкетите, политичките аналитичари сметаат дека резултатот на изборите би можел да биде тесен. Опозицијата, предводена од прорускиот Патриотски блок, се обидува да ги искористи фрустрациите на гласачите од економските проблеми и неисполнетите ветувања за реформи.

    Повеќе од еден милион Молдавци живеат во странство, па дијаспората би можела да игра важна улога во гласањето. Рекордни 300.000 иселеници гласаа во вториот круг од минатогодишните претседателски избори, помагајќи ѝ на Санду да освои втор мандат.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира