ПРОДОЛЖУВАМЕ СО ВОЈНАТА ЗАШТО НЕМАМЕ АЛТЕРНАТИВА, КАЖА КРЕМЉ ПО КРИТИКИТЕ ОД ТРАМП

    ПРОДОЛЖУВАМЕ СО ВОЈНАТА ЗАШТО НЕМАМЕ АЛТЕРНАТИВА, КАЖА КРЕМЉ ПО КРИТИКИТЕ ОД ТРАМППесков рече дека Русија продолжува со специјалната воена операција за да ги обезбеди своите национални интереси (Фото: ТАСС)

    Кремљ го отфрли мислењето на Доналд Трамп дека Украина може да победи во војната со Русија, додавајќи дека Москва ќе продолжи со специјалната воена операција зашто нема алтернатива.

    По средбата со Володимир Зеленски на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации, Трамп кажа дека верува оти Украина може да ја врати целата своја територија окупирана од Русија од почетокот на војната. Тој притоа ја критикуваше Русија што продолжува со војната, велејќи дека се бори бесцелно во војна што вистинска воена сила би ја добила за помалку од една недела.

    „Трамп слушнал за тоа што се случува од перспектива на Зеленски и во овој момент, таа верзија доведе до проценката што ја слушнавме. Не можеме да се согласиме со сè што рече. Продолжуваме со нашата специјална воена операција за да ги обезбедиме нашите национални интереси. Го правиме ова за сегашноста и иднината на земјата, за многу генерации кои доаѓаат. Немаме никаква алтернатива“, рече портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков.

    Трамп вчера ја опиша Русија како „тигар од хартија“ зашто не е способна да воспостави контрола врз најголемиот дел од Украина и по речиси четири години војна.

    „Русија тешко може да биде тигар. Почесто се поврзува со мечка. Русија е вистинска мечка. Путин ја опиша нашата мечка многупати и со различни тонови. Нема ништо хартиено во тоа“, додаде Песков.

    Трамп вчера ја промени позицијата откако претходно велеше дека Русија и Украина ќе мора да разменат територија за да ја завршат војната.

    „Со време, трпение и со финансиска поддршка од Европа, а особено од НАТО, враќањето на оригиналните граници од кои што почна војната е можно. Путин и Русија се во голема економска неволја и време е Украина да дејствува. САД ќе продолжат да го снабдуваат НАТО со оружје и НАТО може да прави со него што сака“, кажа Трамп, додавајќи дека за еден месец ќе се види дали Путин навистина сака да преговара.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира