ЦИСТЕРНА СО НАФТА СЕ ИЗЛИЗГА И ЗАПАЛИ НА ПАТОТ ГЕВГЕЛИЈА-БОГДАНЦИ

    ЦИСТЕРНА СО НАФТА СЕ ИЗЛИЗГА И ЗАПАЛИ НА ПАТОТ ГЕВГЕЛИЈА-БОГДАНЦИПожарникарите со специјална пена го изгасиле огнот кој предизвикал силен црн чад. (Фото: ДЗС)

    Цистерна која превезувала нафта претпладнево излетала од регионалниот пат Гевгелија – Богданци и се  превртела, по што дошло до истекување на нафта и палење, изјави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов.

    Патот Гевгелија – Богданци е затворен за сообраќај.

    „Територијалната противпожарна единица од Гевгелија брзо стигна на местото на несреќата и со специјална пена го изгаси огнот кој предизвика силен црн чад и во овој момент имаат целосна контрола. Истекувањето на нафтата продолжува понатаму, опасноста од појава на нов оган е сведена на минимум“, рече Ангелов.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира