ФАТЕНИ ТРОЈЦА ПОТПАЛУВАЧИ НА ДИВА ДЕПОНИЈА ВО ПРИЛЕП

    ФАТЕНИ ТРОЈЦА ПОТПАЛУВАЧИ НА ДИВА ДЕПОНИЈА ВО ПРИЛЕПТројцата во населбата Тризла во Прилеп намерно предизвикале пожар на дива депонија. (Архивска фотографија)

    Полицијата уапси три лица во Прилеп кои вчера намерно потпалиле дива депонија. Осомничени се за кривичното дело Предизвикување на општа опасност, казниво по член 288 од Кривичниот законик.

    „Полициските службеници од ОВР Прилеп ги фатија лицата Ф. М. (38) од Битола, М. С. (56) и А. Н. (23), двајцата од Прилеп, кои се сомничат дека на 24.09.2025 во населбата Тризла во Прилеп намерно предизвикале пожар на дива депонија“, соопшти МВР.

    Пожарот бил локализиран од екипа на Територијалната противпожарна единица Прилеп. По документирање на настанот, против нив ќе следува соодветна кривична пријава, вели МВР.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира